За нас


НИМЕКС доо е друштво кое опстојува на македонскиот пазар од 1991 година. Историјата на Нимекс е уште пред 1991 година каде што Нимекс е претставник на неколку познати екс-Југословенски брендови уште во далечната 1970 година.


Денес после долгогодишното успешно работење и опстојување на пазарот, ние сме еден од најголемите увозници и дистрибутери на повеќе големи светски брендови во Македонија.


Нимекс Скопје своето работење го организира преку сегментот големопродажба и малопродажба директно од централниот магацин на Нимекс, како магацини на големо, супер и хипер маркети, дуќани, хорека, аптеки и др.


Со сопствeниот возен и дистрибутивен парк гарантираме брзо и ефикасно дистрибуирање на нашите производи до сите продажни места во нашата земја за 24 часа од моментот на порачката. (амбулантна продажба).


Тимот од раководни лица, грижливите и посветени вработени, големиот сопствен возен парк, сопствените магацински и административни простории и одличната деловна комуникација обезбедуваат целосна сатисфаkција и доверба кај нашите сегашни и деловни партнери.



Со почит,

Нимекс Доо

Брендови

БРЕНДОВИ КОИ ГИ ЗАСТАПУВАМЕ

Home   arrow   За НИМЕКС

© НИМЕКС ДОО